Актерот Џорџ Клуни се појави за првпат по сообраќајката во која беше повреден пред три недели додека се возел на мотор на островот Сардинија каде што го снимал својот нов филм.
Клуни заздравел и бил виден со својата сопруга, британската адвокатка за човекови права Амал Клуни, како влегува во ресторан на езерото Комо во Италија, каде синоќа се дружеле со познатата модна дизајнерка Стела Макартни.
Брачниот пар секое лето го поминува во овој град во близина на Милано, каде што Џорџ Клуни има куќа и имот.