Двегодишното мече Теди од штипскиот ЗОО парк нема доволно простор за живеење и наскоро ќе добие ново живеалиште.
Директорот на штипското Комунално претпријатие „Исар“ Живко Тасев под чија надлежност е работната единица ЗОО парк изјави дека се свесни оти мечето Теди нема доволно простор за живеење. Toj pосочи дека веќе имаат решение за што се обратиле и до донаторот, лекарот Угриновски.
– Ние утврдивме дека живеалиштето на мечката е мало. Со неговото растење се доведува до ситуација живеалиштето на мечето да не ги задоволува стандардите. Испративме проекти и писмо до донаторот, лекарот Угриновски и чекаме одговор за да се направи ново живеалиште, кое ќе ги задоволува сите стандарди за живеење на мечката – вели Тасев.
Тој истакна дека веќе имаат избрано и нова локација за живеалиштето на мечката Теди, која се наоѓа во подолниот дел на ЗОО паркот, каде нема бучава од движењето на автомобилите и моторите низ паркот Суитлак.
Тасев информира дека останатите живеалишта се во добра состојба, а вработените постојано се грижат за нив, како и за уредувањето околу нив. Во штипскиот ЗОО парк, кој е единствен на истокот има педестина животни, а е отворен пред четири години.
Мечето Теди е атракција во штипскиот ЗОО парк. Живее во кафез на простор од петнаесетина метри и секојдневно го вознимирува бучавата од автомобилите и високите температури. Пред десетина дена го скршил вратат меѓу затворениот и отворен простор. Одгледувачите сега не смеат да се приближат и да му го исчистат кафезот.