Гаши: Пред нас е ново искушение – референдумот за интеграција

139

Илинден е ден што треба да ги обедини сите граѓани во земјава кон заедничкиот празник на државноста, посочува во писмената изјава до граѓаните лидерот на Движењето Беса Африм Гаши.

„Илинден и собирот во АСНОМ се меѓу најзначајните столбови на државата Македонија. Тие се датуми кои чукаат во колективната меморија дека денешната држава е плод на обидите на нашите предци, кои заеднички се бореа за овој успех. Сега пред нас доаѓа едно ново искушение – референдумот за интеграција – кој ќе биде нашиот тест пред младите генерации“, посочува Гаши, честитајќи го Илинден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...