Ајфеловата кула во Париз е затворена поради штрајк на вработените, кои негодуваат поради долгите редови на туристи кои сакаат да се качат на 324 метри високата атракција.
Управата на Кулата и претставниците на синдикатот не успеале да постигнат договор во врска со новиот систем на пристапот на туристите на Ајфеловата кула, кој според вработените, создавал долги редови на посетители, пренесува АП.
Новиот систем е воведен од јули и предвидува одвоени лифтови за повеќе видови карти, а вработените тврдат дека таквиот начин на работа ги исцрпува поради тоа што тие морале да се соочат со сѐ понервозните туристи.
Минатата година околу 6 милиони туристи се качиле на Ајфеловата кула од околу 40 милиони посетители на Париз.