Уапсен пироман во Атина, уживал да потпалува

164

Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари близу Атина во кои загинаа најмалку 90 лица.

Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно во периодот меѓу 26 и 31 јули, но сепак предметот е во рацете на јавниот обвинител да покрене истрага дали има вмешаност со пожарот од 23 јули.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, 35-годишниот со запалка палел сува трева, и стои зад пет пожари, а бил уапсен во моментите кога сакал да подметне уште еден. Бил забележан од граѓани, кои го пријавиле, веднаш пристигнала полиција, а пироманот се обидел да побегне, но бил уапсен.

Мажот се гони кривично за подметнување пожари кои ставија во опасност човечки животи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...