Непознато починато машко лице вчера e пронајдено на стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска.
Полицијата соопшти дека е направен увид на местото од страна на екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за лицето Д.С.(60) од Охрид, кој на 7 февруари годинава бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С.
По наредба на јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.