Ахмети му раскажа на Палмер како ќе помогне Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО

405

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети се сретна со високиот гостин од Вашингтон, Мет Палмер кој е заменик помошник на Секретарот на САД.

ДУИ соопшти дека соговорниците дискутирале околу постигнатиот прогрес во земјата кон потполната интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како и за прашањата кои чекаат да добијат разрешница.

 

 

„Ахмети елаборираше околу спремноста на Демократската Унија за Интеграција за да даде придонес за успешно заокружување на целта на граѓаните за да изградиме една евроатланска Македонија. Лидерот на ДУИ истотака ја повика и опозицијата да се вклучи во клучните заеднички напори за да ја интегрираме нашата земја во ЕУ и НАТО“, ги соопшти ДУИ заклучоците од средбата.

Ахмети, во рамки на состанокот, им заблагодарил на Соединетите Американски Држави за, како што посочил, силната подршка за евроатланска Македонија и градењето на едно демократско општество со потполно владеење на правниот поредок и законите како и со борба против корупцијата и организираниот криминал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...