Укор за курирот на Иванов поради тајните документи до Милошоски

1698
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Курирот од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој му ги доставил извештаите со строго доверлива содржина на пратеникот Антонио Милошоски ќе добие укор, пишува сајтот МКД.мк.

Од неофицијални извори порталот дознава дека доставувачот од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов е виновен, бидејќи при предавање на документите не го прашал примачот, во случајов пратеникот Милошоски, дали поседува безбедносен сертификат.

Инспектори од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во петокот биле во вилата на Водно за да испитаат дали е прекршена законската процедура при доставување на извештаите од двете лидерски средби за преговорите за името. Овие извештаи стасаа во рацете на Милошоски, а инспекторите од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации го подготвуваат извештајот од посетата на претседателската вила.

Пратката била подготвена од кабинетот на претседателот, а курирската служба на рака му го однела документот. И сега, според претседателскиот кабинет, курирот бил тој што требало да провери дали Милошоски има важечки безбедносен сертификат, а тоа не го направил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...