Германската канцеларка Ангела Меркел, добила покана, но сѐ уште не потврдила дали ќе дојде во Македонија во септември, вели премиерот Зоран Заев.
– Ако некој доаѓа ќе дојде за поддршка за референдумот. Јас испратив покана, ја искористив и можноста на Самитот за Западен Балкан во Лондон и на Самитот на НАТО. Немам потврда, не можам да кажам… Сите беа куртоазни, нудеа поддршка. Јас се надевам дека ќе дојдат да ги кажат вредностите на ЕУ и НАТО кон кои целиме ние – рече премиерот.
Можното доаѓање на Меркел, како и на премиерите на Шпанија и Канада, Педро Санчес и Џастин Трудо, утрово го најави Дојче веле.