Ние политичарите го направивме своето. Одлуките ги донесовме. Јас како премиер имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши и на 30 септември, но јас сум тука да донесам одлука, рече премиерот Зоран Заев.
Тој порача дека сега е време граѓаните да донесат одлука на референдум. Сите, вклучително и Мицкоски имаат еднаква одговорност.
– Сите имаме деца, семејства, општини, држава и сите имаме одговорност. Да ја исполниме граѓанската должност пред татковината. Секој нека излезе и нека гласа како сака. Зад параванот секој е сам – изјави Заев.
Тој зборуваше за евентуалните резултати од референдумот. Ако има цензус односно ако излезат да гласаат, на пример, 920.000 и од нив 600.000 гласаат „За“, а 400.000 „Против“, тогаш пратениците ќе мора да ја почитуваат волјата на граѓаните и да се имплементира договорот со Грција до крај. Во спротивен случај, ако 600.000 гласаат против, од вкупно излезени 900.000 или еден милион, тогаш пратениците од мнозинството ќе мора да го поништат договорот.