Претседавачот со Советот на општина Дорјан, Ристе Џинов, предлага една улица во градот да се вика Љубчо Георгиевски, поранешн премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
За предлогот треба да се изјасни Советот на општината.
Според Џинов, со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското Езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години кога се подигно нивото на водата.
Исто така под водство на Георгиевски како премиер се направи градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран, па на овој начин Советот на општината би му се оддолжил.