Со „пилешка такса“ Трамп ќе ги царини европските автомобили

705
Царинењето на европските автомобили во САД е можно бидејќи во САД  еднаш веќе е воведена таканаречената „пилешка такса“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по воведувањето на трговските тарифи, сега се заканува со данок за увоз на автомобили од Европската унија.

Трамп изјави дека другите земји ги користиле САД долго време поради нивните многу глупави трговски договори.

Трговската криза почна во четвртокот, кога Трамп вети дека ќе наметне големи тарифи за увоз на челик и алуминиум. Тоа го осудија трговските партнери, а стигнаа и критики од ММФ и СТО.

„Ако ЕУ сака понатаму да ги зголеми своите веќе масивни тарифи и бариери за американските компании кои имаат бизниси таму, едноставно ќе примениме данок на нивните автомобили кој слободно ќе се прелива во САД“ Трамп напиша на Твитер.

Дека ова не се само заканувачки зборови потврдува историскиот факт дека при увозот во САД за лесните доставни возила во кои спаѓаат и пикапите, се плаќаат 25 отсто дополнителни давачки.

Ова таканаречена „пилешка такса“ беше воведена во 1963 година како одговор на давачките што Франција и Германија ги имаа воведено за американското пилешко месо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...