„Лежечки полицајци“ на фреквентните улици во Куманово

51

Општина Куманово продолжува со втората фаза од поставувањето на лежечките полицајци на повеќе локации во градот, на улиците „Тоде Думба“ и „Бајрам Шабани“. Општината ќе постави вакви средства на локациите кои ќе бидат предложени од граѓаните, но предност ќе имаат улиците каде се наоѓаат училишта и градинки.

Поставувањето на асфалтните смирувачи на сообраќајот и подигнати пешачки премини, информираа денеска од општината, се спроведува преку иницијативата на Заедницата на единиците на локалните самоуправи за користење на основни сообраќајни проекти со позитивна ревизија за поставување на подигнатите пешачки премини.

Општина Куманово досега искористила осум проекти со ревизија, а предвидени се вкупно дванеаесет локации. Општината на располгање има 21 средство.

СВР Куманово, како институција која е задолжена за издавање на согласност, досега позитивно се произнела за искористените средства.

Според најавите од општината, во наредните 30 до 60 дена ќе бидат поставени останатите средствата за смирување на сообраќајот кои ќе бидат обележани вертикално и хоризонтално.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...