Новиот состав на Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи својата прва седница.
На дневниот ред се неколку точки, меѓу кои правилник за подготовка, организирање и спроведување на референдумот, ќе го разгледуваат роковникот, јавниот повик за вршење увид во избирачкиот список.
Членовите на ДИК ќе разгледуваат и предлози за да утврдат колкави ќе бидат нивните надоместоци за репрезентација, како и предлог за укинување на надоместокот за службените телефони.
Претседател на ДИК е Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ е потпретседател. Други членови се Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.