Премиерот Зоран Заев попладне во 17 часот ќе има средба со вршителот на должност заменик помошник државен секретар на САД Метју Палмер денеска ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.
Од претседателскиот кабинет соопштија дека средбата ќе биде во 13 часот.
Со Заев, пак, Палмер ќе се сретне во 17 часот.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека во текот на денот Владата ќе соопшти детали, а медиумите вообичаено ќе може да ја проследат средбата.
– Средбата ќе биде попладнево, во зградата на Владата. Во наредниве час и половина ќе биде испратена најавата. Ќе може да се снимат инсерти, а по средбата ќе има соопштение кое ќе ги опфати сите детали за кои е разговарано – истакна Бошњаковски.