Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика на која експозе за надворешната политика требаше да има шефот на дипломатијата Никола Димитров повторно е одложена, информираа собраниските служби.
Нема информација кога ќе се одржи оваа седница која што неколкупати до сега е одложена.
Причина што министерот не успеа да поднесе експозе пред Комисијата е барањето на претседателот на Комисијата Антонио Милошоски, пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, според Милошоски, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров.