Како ќе отидеме во заборав, Солзо?

1931

Солза Грчева порачува дека оваа Влада и нејзините поддржувачи, на 30 септември, ќе заминеле во заборав.

Се најдов во недоумие, веројатно како и многу други, каква судбина ни се подготвува од свои, од ближни…

Затоа, малку  вџашен и,,подисплашен”, ќе прашам, како јас поддржувачот на оваа Влада, на 30 септември ќе одам во заборав.

И да не си ги прескокнувам мислите, пред  години, бев и нејзин поддржувач, кој не ја менува, ниту чудтта, ниту кожата, а уште помалку идејата!

Драга Солзо, кажете, што ќе правите од нас – филиња, мелено, колбаси или ражниќи.

Дали тие гурман-специјалитети ќе бидат доволни за да ги наполни сите стомачни торби на опозициските  лидерски хиени?

Или, можеби имате смислено уште побизарни методи – од вашите идејни противници, заедно со ,,фините дечки”, аждаите од соборениот режим, да ни изрежирате масовен помор.

Колку што можам да претпоставам, не се лажам, и Вам ви е јасно дека нема да отидеме во заборав!

Меѓу нас има и многу витално клети патриоти. Комуњари, прекалени, потврдени борци,  стари, меѓу кои, да бидам искрен, само до пред некоја година, ве вбројував и Вас. Но, ете, човечките патишта се непредвидливи. Не се знае кој каде, за наша, национална несреќа, ќе заталка.

Референдумите, изборите, се некој вид центрифуги, во кои граѓаните се прочистуваат, се сепарираат, се изјаснуваат, се проветруваат, но, не се газат, не се забораваат, не се уништуваат.

И, пак да прашам – како, јас поддржувачот на оваа Влада, на 30 септември, месецот во кој се родив, на 21 септеври, пред 77, на Мала Богородица, благороден, добромислен, човекољубив, безмерно жилав и кремено корав, ќе отидам во заборав.

Драга Солзо, кажете, што ќе правите од нас ?!

Не сме мекотели. Безволуменски типови. Не може да бидеме проголтани. На тој што ќе се обиде на таков авантуризам, ќе му бидеме фаталното ковче во грлото.

Референдумот и изборите се мегдан, на кој треба да се борите. Но не за да исчезнеме. Не да изгориме. За нашите, иднина да избориме.

На ова македонско парче земја, премалку оставнавме.

Некои  дебилци, божемни патриоти, го изрежираа и најапокалиптичниот потфат – дури и со нашите собраќа во дијаспората да се стрвиме, да се закрвиме.

Треба да се почитуваме, да се браниме, а не со партиски гневови, и за туѓински интереси, да се истребуваме!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...