ФФМ ја закажа седницата за избор на претседател на 1 септември

130

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука и вонредната седница за избор на претседател на ФФМ ја закажа на први септември.

Од ФФМ соопштија дека местото и времето на одржување на вонредната изборна седница на Генералното собрание дополнително ќе биде одредено.

Пред десетина дена Илчо Ѓорѓиоски се повлече од претседателската функција во ФФМ и одлучи кариерата да ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...