Се удави момче во Охридското Езеро

4264

Машко лице денеска се удави во Охридското Езеро. Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Пред некое време заврши увидот на местото на настанот во присуство на јавен обвинител и крим техника при СРВ Охрид, изјави Димоски и најави повеќе информации за утрешниот ден.

Според првични инфорамции, момчето било на педалинка, скокнало од неа во водата по што не се појавило на површината. Потоа почнала потрага по него, била известена езерската полиција која пристигнала на местото на настанот за четири минути и го нашле безживотното машко тело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...