Рекордна побарувачка на работници во Германија, на цена се компјутерџиите

1015

Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија во јули е на највисоко ниво, а најголема побарувачка е регистрирана во секторот информациско-комуникациска технологија, соопшти Сојузниот завод за вработување (ФЕА).

Индексот на слободни работни места е зголемен во јули за два поена на 256 поени, што е највисоко ниво од воведувањето во 2005 година.

Броот на слободни работни мета е зголемен и во стопанството.

Рекордно ниво на побарувачка е регистрирано и во секторот малопродажба, индустриско производство и јавна управа.

ФЕА го образложува тоа со долготрајната економска благосостојба во државата. Освен тоа, ниско ниво на вработени означува и дека работниците моментно се чувствуваат посигурни за менување работни места.

Владината агенција нагласува дека некои сектори на стопанството, здравството и кај социјални работници, се соочуваат со сериозен недостиг на квалификувана работна сила.

Во јуни регистриран е најмал број невработени жители на Германија од почетокот на националните мерења во 1990 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...