Клизиште на патот Кичево – Крушино

171

Како резултат на водата што доаѓа од топењето на снегот синоќа се случи лизгање на патот кон Крушино, информира општина Кичево.

Од општината ги повикуваат граѓаните да не се искачуваат кон Крушино поради големата дупка што се појави на средината од главната улица.

„За настаната ситуација, известено е претпријатието Гранит кое ги изведува работите за изградба на автопатот, како и Агенцијата за патишта на Македонија“, соопшти општина Кичево.

Водата која доаѓа од местото викано Крушино, излегува на магистралниот пат Кичево-Охрид и се акумулира во кружниот тек на булеварот.

Од Агенцијата за патишта на Македонија информираат дека ќе преземаат мерки за да се избегне акумулираната вода.

Од општина Кичево апелираат возчите внимателно да ја поминуваат магистралата, односно местото каде се собираат атмосферските води.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...