Опоменати граѓаните кои живеат во импровизирани живеалишта

1524

Комуналните инспектори на Град Скопје извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта и констатирале нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота, соопштија градските власти.

Тие им изрекле опомена на граѓаните кои ќивеат во вакви живеалшта во близина на НБРМ, пред зградата на АСТЕРА и лицата лоцирани под Кале.

„Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува“, соопштија од Градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...