Во организација на Хрватската музичка унија во соработка со Владата на Република Хрватска, со надлежното Министерство за култура и останатите институции во Хрватскиот народен театар се одржа комеморацијата за Оливер Драгојевиќ, во присуство на семејството, пријателите и соработниците, како и на државните и градските претставници.
Пејачот Џибони (49) на комеморацијата во Сплит со солзи во очите се присети на својот пријател Оливер Драгојевиќ. Џибони беше еден од најблиските пријатели и соработници на починатата музичка легенда.
Меѓу присутните колеги кои присуствуваа на комеморацијата беа Тони Цетински, Тончи Хуљиќ, Нина Бадриќ, Петар Грашо, Даниела Мартиновиќ, Горан Каран, Стјепан Хусар, Северина, Дорис Драговиќ, кои се запишаа и во книгата на жалост.
Сопругата Весна, кој седела веднаш до хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, ја тешел еден од тројцата синови на Оливер и Весна. Семејството на Оливер Драгојевиќ е неутешно.
Кога завршила комеморацијата за Оливер Драгојевиќ, сите стоечки му оддале почест со аплауз од неколку минути. Сите спонтано почнале да ја пеат „Вјеруј у љубав“. Пејачката Зорица Конџа била меѓу оние кои први ја започнале песната…
Suze za Olivera: "Moć je samo onih najvećih da nas ujedine u bolu i u radosti"Više na http://bit.ly/2vk5s6HReporter: Denis Gaščić
Posted by 24sata on Вторник, 31 јули 2018