Четириесет и петгодишниот кумановец Б.В. починал утрово откако бил погоден во градите од метално парче од алатот со кој работел во фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, соопшти денеска МВР.
Според привичните информации на полицијата, несреќата се случила во 8 часот утрово. Вработениот починал на пат кон болницата.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.