САД го праќаат Метју Палмер за Илинден на средби со лидерите

Палмер ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје. 

2090

Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1. до 3. август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјава го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.

Вршителот на должност заменик помошник државен секретар Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...