Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 30. септември, на денот на референдумот, ќе слави роденден.
„30 септември
Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови.
Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината.
Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да нѐ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација.
30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината)
Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук.