Полицијата во текот на вчерашниот ден добила три пријави за пронајдени мртви тела во три одделни случаи.
Едниот случај е регистриран во Неготино, каде жена пријавила дека го пронашла нејзиниот сопруг (57) починат покрај отворен трансформатор во деловен круг во селото Тремник.
Во друг случај во Битола, син пријавил дека во селото Олевени во фаза на распаѓање бил пронајден неговиот 66-годишен татко.
Уште еден случај регистрирале полицајците во Кавадарци каде лекар пријавил оти на Тиквешното Езеро кај местото викано Голеш, од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш.(72).
Во сите три случаи, телата се дадени на обдукција.