Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ќе го бојкотира референдумот. Тој на социјалните мрежи, по вчерашното распишување, напиша дека референдумското прашање не заслужува одговор, со „хаштаг“ бојкотирам.
Тој објави:
„Референдумското прашање кое е
– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и
– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.
Не заслужува одговор!
#Бојкотирам“.
За разлика од него, од неговата партијата сѐ уште немаат став дали ќе ги повикаат граѓаните да излезат да гласаат или, пак, да бојкотираат.