Лично, убеден сум дека на референдумот ќе излезат повеќе од 1 милион регистрирани гласачи. Исто така, убеден сум дека сите што ќе излезат на гласање ќе заокружат ЗА. Прашањето на референдумското ливче е едно и еднозначно за секој слободомислечки полнолетник. Тоа е сместено во една простопроширена реченица која е неодвоива од целта на прашањето, од суштинското значение на прашањето дали сте за ЕУ и НАТО. Тоа што нашата судбина е сместена токму во вториот дел од реченицата која ја заокружува и нашата иднина, не ја менува еднозначноста на прашањето. Ако сме за ЕУ и НАТО, тогаш нема теоретски шанси да сме против договорот со Грција, или попознат како преспански договор. Точка…
Убеден сум дека кај големото мнозинство од самосвесните граѓани, од која било етничка провиниенција, го разбираат овој договор како последна, единствена и неповторлива шанса за конечно остварување на влезот на државата во ЕУ и НАТО, за отварање на реалните перспективи за младите и следбениците, за возрасните и пензионерите. Значи, да се разбереме, ЛИЧНО, мислам, верувам, убеден сум и ќе агитирам и навивам референдумот да биде успешен онака како што го опишувам погоре…
На крај, сакам да се разберам и со Заев, и со Шеќеринска, и со Димитров, и со Ахмети и со сите негови пулени во “паралелната власт“, дека, сами си ја ставија јамката околу вратот од минималната теоретска можност, на консултативниот референдум да излезат помалку од 1 милион гласачи, а тие истиот да го прогласат за успешен заради формата на референдумот. Тогаш, и во тој случај, јас, заради мојата лична убеденост дека во државава мнозинството го застапуваат самосвесни граѓани, нема да бидам радосен ако одлуката се донесе заради мантрата од формата на референдумот. И затоа, ќе барам од именуваните, јасно, од сега, да се изјаснат дека за Успешен референдум ќе го сметаат оној на кој повеќе од половината регистрирани гласачи ќе излезат на гласање, а мнозинството од нив се изјаснило ЗА, дека во кој било друг случај ќе го прогласат референдумот за неуспешен, затоа што, ако од сега планираат политичка разрешница, тогаш и не биле обврзани да распишат референдум, и дека сите направени трошоци за него лично ќе ги подмират и дека за тоа ќе одговараат…
Дали се разбираме…? Тенкју…
(ФБ статус на авторот)