Труењето на кучето, кое помагаше при спасувањето на преживеаните од земјотесите во Италија, предизвика гнев кај италијанската јавност и барање за построги казни за извршителите на вакви напади.
Сопственикот на германскиот овчар Каос соопшти дека во неделата неговото куче било отруено во дворот.
Каос помагаше во потрагата на преживеаните во градот Аматриче по земјотресот во 2016 година, но и во други потраги по исчезнати лица.
Според пратеничката Микела Брамбила труењето на Каос предизвикало сериозни критики во јавноста и ќе помогне во усвојувањето на законот кој таа го предложила во почетокот на годината, а со кој се регулира таа сфера.
И тројца министри во италијанската Влада повикаа да се прекине со труењето на кучињата.
Од полицијата соопштија дека го истражуваат случајот на Каос, а труењето кучиња во Италија не е невообичаено