Со 68 гласа „за„ пратениците ја донесоа одлуката за распишување референдум на 30 септември, а рефендумското прашање гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.
На гласањето не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Со тоа што е консултативен референдумот, рече тој, се отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана на Предлог одлуката за распишување референдум, но не присуствуваа кога беа ставени на дневен ред и беа одбиени на гласањето.
Одлуката за распишување на референдумот беше изгласана со мнозинство од вкупниот број пратеници