Дедо ја претепал осумгодишната внука во Струга

633

Шеесет и седумгодишниот Р.М. од Струга доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, во дворот на семејната куќа почнал расправија со неговата осумгодишна внука.

– Изреволтиран, со дрвена летва почнал да ја удира внуката по главата и телото нанесувајќи и телесни повреди – информира полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...