Во Гостивар денеска започна акцијата за уривање на бесправните градби.
Првата градба која што беше урната е еден ѕид во населбата Питарница, кој беше изграден без соодветна дозвола и на локација предвидена за улица. Со уривањето на овој ѕид, велат од општината, всушност се овозможува слободно движење на возилата на тој дел од населба Питарница.
Општинските власти ќе продолжат со уривање на бесправните градби, како што се ѕидовите кои зафаќаат дел од улиците, доградби, како и станбени објекти кои што се изградени бесправно.
Од Секторот за урбанизам при Општина Гостивар, ги повикуваат граѓаните да не градат без соодветна дозвола, бидејќи ќе се соочат со сите мерки согласно позитивните закони на Република Македонија.