Македонија го освои ЕХФ-шампионатот

Макометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години како првопласирана репрезентација, си обезбеди пласман место на младинското Европско првенство 2020 година.

183

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 20 години триумфираа на ЕХФ-шампионатот кој се одржа во Скопје.

„Црвено-жолтите“ во финалето полесно од очекувањата ја надиграа силната Белорусија со 29-23 (15-10) и со триумфот, како првопласирана репрезентација, си обезбеди пласман место на младинското Европско првенство 2020 година.

Македонија во првиот дел беше подобра на теренот и заслужено имаше водство од +5. Силната игра во второто полувреме доведе и до водство на неколку наврати со 7 гола разлика, а до крајот само ја одржуваа предонста за конечни 29-23.

Најефикасен за Македонија беше Марио Танкоски со 8 гола, а Томислав Јагуриновски постигна седум. Петковски на нашиот гол имаше одлични 14 одбрани.

ФОТО: РФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...