Сочувство од Заев: Загубата на Оливер е заедничка, генерации растеа со песните на великанот

365

 Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на  легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.

Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни

– Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело. Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојеви, напиша  Заев во телеграмата упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...