Централен регистар: На тендерот за возила беше избрана најдобрата понуда

587

Централен регистар тврди дека тендерот за набавка на возила е согласно Законот за јавни набавки откако ВМРО – ДПМНЕ обвини дека го добила фирма донатор на СДСМ.

„Во врска со информациите на некои медиуми за постапката на избор за најповолен понудувач за набавка на 11 моторни возила, Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија по законски распишаниот оглас во мај оваа година, за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило за потребите на институцијата која во моментов користи и возила постари од 20 години, а согласно законот за јавни набавки, закажа електронска аукција за операторите кои ги задоволија критериумите специфицирани во техничката спецификација. По спроведената аукција со негативно електронско наддавање преку ЕСЈН, за најповолна ја избра понудата на споменатиот економски оператор.

На распишаниот тендер конкурираа повеќе економски оператори. За оние кои ги задоволија критериумите, уредно и законски беше закажана е-аукција.

За спроведување на тендерската постапка, Централен регистар формираше и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки“, се вели во соопштението од Централен регистар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...