Последниот извештај на државниот завод за статистика за населението открива дека секое петто дете на македонски државјани се раѓа во странство, објавува телелвизија Телма.
Лани на свет дошле 4.829 бебиња во некоја од италијанските, германските и болниците во Швајцарија.
Демографите велат, ова е најновиот тренд на младите кои се исселуваат.
Во 2017 година за 12 месеци се родиле 10.000 бебиња помалку од 94-та, а прирастот на населението се намалил двојно. Во Македонија се родиле 21.754, а само 1.400 бебиња ја делат Македонија од негативниот прираст на населението.
Од осум региони само скопскиот и западниот со позитивен прираст.