Вториот светски рекет Роџер Федерер го пофали неговиот колега Рафаел Надал, но исто така зборуваше и за потенцијалното враќање во првото место во светот. Во интервју за „Блик“, Федерер зборуваше за освојувањето на два „Лауреус“ награди оваа година, за Надал, но исто така и за важноста на првото место на АТП листата.
Надал на „Вимблдон“ стигна до полуфиналето, но таму се сретна со Новак Ѓоковиќ, од кого загуби по повеќе од пет часа игра.
– Тој е многу повеќе од „крал на земја“, поради неговата популарност и неговите навивачи. Луѓето сега знаат дека тој игра поагресивно и поофанзивно, па затоа е подобар на побрзи терени – вели Федерер.
Што се однесува до позицијата на број еден, Швајцарецот еден период беше на врвот, но сега Рафаел Надал официјално е најдобар тенисер на планетата.
– Ова е голем предизвик. Секогаш постои дополнителен притисок кога е во прашање број 1. Не сум сигурен дали можам повторно да дојдам до оваа позиција, особено оваа година – смета Федерер.
Швајцарецот, кој одигра неверојатна 2017 година, го освои шестото признание „Лауреус“, со што само го зајакна својот „рекорд“ кога станува збор за ова признание.
– Тоа беше голема чест, но најдоброто нешто во врска со овие настани е тоа што јас јавно можам да им се заблагодарам на луѓето кои цело време ми помагаат. Исто така може да го промовирам нашиот спорт и да разговарам со други ѕвезди- како Усаин Болт, додаде Роџер.