Филипче: Првичните информации од комисиите за смртта на родилките покажуваат дека нема лекарска грешка

Во однос на смртноста на новороденчињата, министерот за здравство нагласи дека има одредени резултати, односно дека значајно е помал бројот на починати новороденчиња во однос на истиот период минатата година.

502

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Битола изјави дека ги чекаат извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина за да се видат точните причини за последните случаи на смртност кај родилките. Според првичните информации, како што додаде, не станува збор за грешка.

– Не би сакал да прејудицирам кои се вистинските причини се додека не ги видaм извештаите од комисиите и обдукциските наоди од Институтот за судска медицина. За сега од првичните информации кои ги добивме од интервјуата и разговорите со сите луѓе вклучени во процесот и менаџерите на болниците нема знаци дека станува збор за грешка, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Клиничката болница во Битола.

Во однос на смртноста на новороденчињата, министерот за здравство нагласи дека има одредени резултати, односно дека значајно е помал бројот на починати новороденчиња во однос на истиот период минатата година.

Тој истакна дека е зголемен бројот на медицинскиот персонал во гинеколошките одделенија, се обездуваат донации и сериозно се работи на унапредување на знаењето на кадарот кои работат на таа проблематика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...