Патничко моторно возило марка „пежо“ со струшки регистарски таблици се запалило денеска на патот Охрид – Ресен, кај селото Крушје.
Ресенската противпожарна единица за МИА информира дека нема повредени лица, а возилото е целосно уништено.
– Несреќата се случила околу 12 часот. Интервениравме со две возила и тројца пожарникари. Возилото беше целосно опожарено, а луѓето беа настрана iизјави дежурниот пожарникар.