Комисија при ФИФА едногласно го одобри воведувањето на видео повторувања (ВАР) во фудбалските правила, што го отвори патот за нивно користење на Светското првенство во Русија ова лето.
Комисијата гласаше денеска за ажурирање на дел од фудбалските правила, а како дел од овој процес е употребата на ВАР, за да им помогне на судиите при носење одлуки.
ФИФА мора да ја ратификува одлуката на 16 март.