Арсовски: Во ВМРО-ДПМНЕ нема промени за референдумското прашање

Арсовски не кажа и дали пратениците на опозициската партија ќе учествуваат на седницата за распишување на референдумот која е најавена за понеделник. 

405

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумското прашање и карактерот на референдумот останува непроменет , изјави денеска портпаролот на партијата Димче Арсовски.

– Нашиот став во однос на прашањето веќе неколку пати го кажавме. Тој е јасен и според законските норми и европските начела во моментов како што знаете од таму каде што застана на лидерската средба нема никакво помрднување, рече портапролот на партијата Димче Арсовски.

Арсовски не кажа и дали пратениците на опозициската партија ќе учествуваат на седницата за распишување на референдумот која е најавена за понеделник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...