ВНИМАВАЈТЕ! во Ѓорче Петров се шета лажен продавач на огревно дрво

Лажниот продавач на дрва вчера измамил жител на Ѓорче Петров при што му наплатил 250 евра за неиспорачано дрво.

702

Г.В.(77) од Ѓорче Петров вчера е измамен и оштетен за 250 евра, откако измамник прво му зел капар за огревно дрво, а потоа од неговата ќерка го наплатил остатокот и избегал во непознат правец.

Полицијата соопшти дека, тој пријавил дека е измамен.Според она што го кажал во полицијата на 26.07.2018 година околу 19 часот на улицата Ѓорче Петров непознат човек дошол во неговиот дворот и му понудил огревни дрва по цена од 2.500 денари за кубен метар.

Г.В. му поверувал го повикал во трпезаријата каде што му дал капар од околу 3.000 денари.

Двајцата потоа тргнале кон Очната клиника во населбата Ѓорче Петров за да го пречекале камионот со дрва, но пред да стигнат до местото наводниот продавач на дрва му рекол на причека.

Додека Г.В чекал лажниот продавач на дрва се вратил во домот на Г.Б. и од неговата ќерка ги зел преостанатите пари – односно 200 евра по што заминал во непознат правец.

Г.В по некое време открил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.

Полицијата сега се обидува да го расчисти случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...