Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Демократскиот сојуз повикува на единство на сите политички партии околу нашите стратешки и национални интереси.

207

Вештачки се дилемите на политичките партии, експертте и медиумите околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, тврди Демократскиот сојуз..

Оттаму велат дека сите граѓани знаат дека договорот со Грција е склучен за да се деблокирааат евроатлантските процеси односно Македонија да добие покана за членство во НАТО и да започнат пристапните преговори со ЕУ.

– Затоа референдумското прашање мора да биде поврзано со имплементација на договорот со Грција како клучен предуслов за влез во НАТО и ЕУ – додаваат од ДС.

Од псатријата сметаат дека кампањата треба да биде преку објективно информирање на граѓаните за перспективите што се отвораат за Македонија доколку се излезе на гласање и се гласа „ЗА”.

Според ДС треба јасно да се соопшти дека бојкотот на референдумот значи нестабилност, стагнација, изолација и засилување на иселувањето од Македонија.

Демократскиот сојуз повикува на единство на сите политички партии околу нашите стратешки и национални интереси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...