Околу 500 згради изгореа во пожарот во Калифорнија

Еден пожарникар загина вчера при гаснење на големите пожари. Како што соопшти Одделот за противпожарна заштита, пожарникарот од градот Рединг загинал при акцијата за гаснење на пожар во округот Шаста.

265

Најмалку 500 згради изгореа во шумските пожари во големите шумски пожари во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, а 5.000 се под закана, соопшти Одделот за противпожарна заштита на Калифорнија.

Претходно беше соопштено дека пожарите уништиле 65 објекти, а околу 500 други се во опсаност да бидат зафатени од огнот.

Еден пожарникар загина вчера при гаснење на големите пожари. Како што соопшти Одделот за противпожарна заштита, пожарникарот од градот Рединг загинал при акцијата за гаснење на пожар во округот Шаста.

Тој е втора жртва на пожарите во северна Калифорнија, откако завчера загина и еден возач на булдожер кој учествувал во справувањето со огнената стихија.

Најголем е пожарот во реонот на Рединг, кој се шири брзо поради сувото време и силните ветрови. Пожарот избувна во понеделникот и зафати површина од 70 квадратни милји (180 квадратни километри).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...