Фондот за иновации вели дека нема конфликт на интереси кај Весна Кузмановиќ

646

Фондот за иновации и технолошки развој ги демантира наводите на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со објавените информации за Весна Кузмановиќ, која фигурира на листата финансиски фасцилитатори од проект на УСАИД – USAID Business Ecosystem Project, а која исто така е добитник на средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.

„Споменатото лице не е ангажирано од Фондот по никаков основ или договор, ниту се исплатени какви било средства за наведените консултантски услуги. Кузмановиќ е дел од листата на консултанти во рамки на проектот на УСАИД- USAID Business Ecosystem Project, чија цел е помош за компании за подготовка на предлог-проекти за различни видови грантови. Притоа, на самата листа, објавена транспарентно на веб-страницата на Фондот, јасно е наведено дека користењето на консултанти не е задолжително, ниту, пак, претставува каков било услов за добивање финансиска поддршка“, се наведува во соопштението.

Од Фондот велат дека Кузмановиќ не е, ниту била дел од процесите на одлучување за доделување финансиска поддршка, со што наводите за каков било конфликт на интереси се целосно неточни и во целост ги отфрлаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...