Многу приказни се плетат околу претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.
Најновиот скандал кој ја тресе Франција е дека Макрон има љубовна афера со Александар Бенал, син на емигрант од Мароко, кој до минатиот петок беше член на неговото лично обезбедување и наводно истовремено и љубовник.
Мистериозниот, 26-годишен телохранител е отпуштен минатиот петок, откако во јавноста се појави снимка од него во полициска униформа за која не објасни од каде му е, напаѓа човек и жена на среде улица во Париз. Снимката е од време на протестите на први мај, но очигледно многу се потрудиле таа да не излезе во јавност. Но, пред осум дена снимката се појави.
Александар, кој како тинејџер бил политички активен и полека, но трпеливо стигнал до позицијата телохранител. Познат е по грубото однесување со новинарите кои поставуваа прашања за бракот на Емануел и Брижит.
„Дејли мејл“ пишува дека Макрон е вљубен во него. За францускиот претседател одамна се шират приказни дека има хомосексуална определба, но тој тоа го негира.