Референдумот ќе се распише во понеделник

Новиот претседател на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Дерковски денеска изјави дека во оваа ситуација не може членовите да зеземаат партиски став и оти референдумот ќе биде спроведен според законите и Уставот.

1056

За распишување на референдумот најверојатно ќе се чека до последен момент и тој ќе биде распишан во понеделникот на собраниска седница.

До тогаш, власта и опозицијата ќе се обидат да постигнат некаков договор околу тоа како ќе гласи прашањето.

Дека се преговара на парламентарно ниво вчера потврди и премиерот Зоран Заев, па најверојатно ќе се чека до последен момент за евентуален компромис. Ако не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ, на референдум ќе се оди без оваа партија.

Понеделник е краен рок бидејќи законот налага дека од денот на објавување на одлуката за распишување во Службен весник до денот на одржување, не смеат да поминат помалку од 60 дена што значи дека ако референдумот се одржи на 30 септември, до понеделник (30 јули) истиот треба и да се распише.

Тогаш свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери, треба да дадат и новите членови на ДИК, кои се со мандат од шест месеци. Првично заклетвите тие требаше да ги дадат денеска, но Џафери ги одложи сите активности и замина на комеморативна седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.

Новиот претседател на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Дерковски денеска изјави дека во оваа ситуација не може членовите да зеземаат партиски став и оти референдумот ќе биде спроведен според законите и Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...