Заев: На референдум очекувам мудра одлука од големото мнозинство граѓани ВИДЕО

452

Очекуваме фер вреднување според индивидуалните заслуги и го очекуваме заслуженото место во еу и нато. Затоа значајна е нашата средба посебно што Република Романија од 1 јануари 2019 година ќе го преземе претседателството со ЕУ и ќе претседава во клучните месеци за Република Македонија. Тоа се месеците кога треба да ги завршиме внатрешните реформи и да го заокружиме договорот со Република Грција, ѝ порача премиерот Зоран Заев на романската премиерка Виорика Данчила која денеска е во официјална посета на Македонија.

– На реформите во правосудството активно работиме, а очекувам и успешен референдум и уште една зрела, мудра, прогресивна одлука на големото мнозинство граѓани која што ќе го потврди патот за наштето членство во НАТО и ЕУ. Големото мнозинство граѓани еднаш избра демократија наместо режим и ни ги довери честа и одговорността како прогресивна влада да ги направиме позитивните промени за квалитетен живот за кој зборувам и да ја внесеме земјата конечно во ЕУ и НАТО… Смената година во јуни сакаме да Ви заблагодариме уште еднаш и уште посилно за отворените пристапни преговори со Република Македонија – рече Заев на заедничката прес-конференција.

Во меѓувреме, тој порача дека двете земји на билатерален план имаат огромен потенцијал за развој на економските односи и ѝ рече на Данчила кога ќе се врати во Романија да пренесе порака до бизнис заедницата и сите заинтересирани дека вратите за соработка во Македонија им се отворени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...