Британската сноубордерка Ели Саутер почина на својот 18-ти роденден, а причината за нејзината смрт се уште не е позната.
Таа беше една од најголемите таленти во Велика Британија. Лани го освои златниот медал на Зимскиот олимписки фестивал за млади во Ерзурум, Турција.
– Овој суров свет ја зеде мојата сродна душа и најдобар пријател на нејзиниот 18-ти роденден. Горд сум на тоа во каква млада жена се претвори. Ели, ќе ми недостасуваш повеќе отколку што некогаш можеш да замислиш. Почивај во мир, мала шампионке“ – напиша нејзиниот татко на Фејсбук.
Ели беше британска репрезентативка, а како специјалист за дисциплината „freeride“ и „boardercross“, требаше да настапи на Светското јуниорско првенство во Нов Зеланд.
– Ели беше многу популарен и сакан член на тимот. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејството и пријателите, објави Британскиот олимписки комитет.